За сопственици и директори кои имаат реален бизнис, клиенти и тим - но сакаат компанијата да расте попредвидливо и помалку да зависи од нив.
За два дена ќе ја видиш целата мапа на бизнисот, ќе препознаеш каде е заглавена твојата компанија и ќе разбереш кој е вистинскиот следен чекор за раст, поголем профит и поголема независност од сопственикот.
Ова не е мотивациски настан. Ова е работна бизнис мапа за сопственици.
Добиваш повеќе клиенти. Вработуваш повеќе луѓе. Остваруваш поголем промет.
Но наместо бизнисот да станува постабилен, сè почесто се случува ова:
Ако се препознаваш во 3 или повеќе точки, најверојатно проблемот не е во тоа што не работиш доволно. Проблемот е што компанијата нема јасна мапа, редослед и систем што може да го носи следното ниво на раст.
Не се наоѓа секоја компанија во иста развојна фаза.
На еден бизнис прво му треба појасна понуда и предвидлива продажба. На друг му треба подобра
организација, капацитет и контрола на профитот. На трет му требаат лидери и системи за компанијата да расте без сопственикот повторно да стане тесно грло.
Затоа на оваа конференција нема да добиеш генерички план што важи за сите. Ќе ја видиш целата архитектура на бизнисот и ќе разбереш:
Ќе ја видиш целата архитектура на бизнисот и ќе разбереш:
На конференцијата ја покажуваме мапата. Потоа ти одлучуваш по кој пат ќе продолжиш.
Имаш мал тим или неколку вработени, но ти сè уште си вклучен во маркетинг, продажба, испорака и секојдневно менаџирање. Бизнисот има потенцијал, но без тебе тешко се движи.
Ти требаат:
Компанијата има продажба и повеќе луѓе, но со секој нов клиент доаѓаат повеќе прашања, доцнења, интервенции и притисок врз тебе.
Ти требаат:
Имаш стабилен бизнис, процеси и менаџери, но важните одлуки и понатаму зависат од тебе.
Компанијата има резултат, но нема доволно автономија.
Ти требаат:
Целта не е да добиеш уште една листа со задачи. Целта е да ја видиш компанијата како систем и да препознаеш кој е вистинскиот следен потег.
Ќе добиеш:
Ова не е конференција за да излезеш инспириран. Ова е конференција за да излезеш со појасна дијагноза и следен приоритет.
Компанијата не се скалира со случајни совети. Се скалира кога знаеш во која фаза се наоѓаш и кој проблем мора да се реши следен.
Главно прашање: Што градиме, за кого и со каков бизнис-модел?
Цел: јасност околу пазар, идеален клиент, понуда, позиционирање и насока.
Главно прашање: Како предвидливо привлекуваме и освојуваме клиенти?
Цел: маркетинг, лидови, продажен систем и профитабилна понуда.
Главно прашање: Како го испорачуваме ветувањето преку луѓе, менаџмент и системи?
Цел: структура, капацитет, KPI, состаноци, процеси и управување.
Главно прашање: Како ги множиме резултатите без зависност од сопственикот?
Цел: лидери, автономија, системи и раст што не го враќа сопственикот во оперативата.
Не мора однапред да знаеш во која фаза си. Во текот на конференцијата ќе препознаеш што веќе функционира, каде се губи резултатот и што бара следното ниво.
12 септември | 10:00–17:00 часот
Фокус на денот:
На првиот ден ја гледаме надворешната страна на растот: пазар, идеален клиент, понуда, бизнис- модел, маркетинг, лидови и продажба.
На крајот од денот треба да имаш појасна слика дали твојата компанија има мотор што може предвидливо да привлекува и освојува клиенти.
Теми:
13 септември | 10:00–17:00 часот
Фокус на денот:
На вториот ден ја гледаме внатрешната страна на растот: оператива, капацитет, тим, структура, менаџмент, KPI, состаноци, системи и независност од сопственикот.
На крајот од денот треба да имаш јасност кој организациски предуслов најмногу го ограничува следното ниво на твојата компанија.
Теми:
Ова не се примери на луѓе што добиле само мотивација.
Ова се примери на сопственици кои почнале да градат поголема комерцијална и организациска сигурност во компанијата.

Минатата година го дуплиравме и прометот и добивката. Тимот се зголеми за 4 прекрасни луѓе.

За две години го дуплиравме прометот и целосно сум исклучен од оперативни задачи.

Од 0 до 2М€ за само две години и формиравме тим од 27 вредни и посветени луѓе.

До пред година работев цел ден и го следев секој проект по мерка; денес тимот функционира без мене и се фокусирам на стратешки задачи.
Различни компании, различни фази, иста суштина:
кога има мапа, редослед и систем, растот станува појасен и помалку зависен од сопственикот.
Александар Кочовски работи со сопственици кои имаат потенцијал за раст, но повеќе не сакаат секој резултат да зависи од нивното лично присуство.
Преку практична работа со компании во различни развојни фази, тој им помага да ја препознаат вистинската пречка, да го постават правилниот приоритет и да изградат систем што може да носи поголем раст.
На оваа конференција нема да добиеш теорија од книга. Ќе добиеш бизнис мапа изградена од реална работа со сопственици, тимови, продажба, оператива и менаџмент.
За сопственици и директори кои сакаат да ја видат целата бизнис мапа, да ја препознаат фазата на компанијата и да излезат со појасен 90-дневен фокус.
Вклучува:
За сопственици кои не сакаат само да ја слушнат мапата, туку сакаат да работат и на конкретен предизвик од нивната компанија со Александар и избрана група сопственици.
Вклучува:
За сопственици и директори кои сакаат да изградат попредвидлив, попрофитабилен и понезависен бизнис. Без разлика дали сè уште си вклучен во секојдневната работа или веќе имаш тим и менаџери, конференцијата ќе ти помогне да го препознаеш твојот следен приоритет.
Не е за луѓе што бараат мотивациски говор, брз трик или уште една листа со совети без работа. Ова е за сопственици кои сакаат системски да ја погледнат компанијата и да изберат правилен следен чекор.
Да, ако веќе имаш реален бизнис, клиенти и желба да го поставиш следното ниво на раст. Конференцијата ги опфаќа различните фази: од појасна понуда и продажба до тим, системи и независност од сопственикот.
Не. Не е потребно да имаш воспоставен менаџерски тим. Ќе добиеш увид што ѝ е потребно на твојата компанија во сегашната фаза и како да се подготвиш за следната.
Затоа што растот има две страни. Првиот ден е фокусиран на пазар, понуда, маркетинг, лидови и продажба. Вториот ден е фокусиран на оператива, тим, структура, KPI, системи и независност од сопственикот.
Ќе има јасна структура, примери и работни материјали. Целта е да ја следиш мапата и да ја препознаеш фазата, тесното грло и следниот 90-дневен фокус за твојата компанија.
Стандард билетот ти дава пристап до целата конференција, материјали и CEO Dashboard. VIP билетот е за сопственици кои сакаат дополнително да работат на конкретен предизвик со Александар и избрана група сопственици.
Да. Одберете Плати со фактура како метод за плаќање и ке добиете понатамошни инструкции.
Да. Бројот на места е ограничен за да се обезбеди квалитетно искуство за учесниците.
На 12 и 13 септември, во Хотел Хилтон, ќе поминеме низ целата архитектура на бизнисот: од насока, понуда и продажба, до тим, системи, менаџмент и независност од сопственикот.
Не мора да имаш сè решено. Треба само да сакаш јасно да видиш што е следниот правилен чекор.